Рачки за мебел
При планирање на ентериерот луѓето најмалку внимание обрнуваат на изгледот и типот на рачка која ќе ја употребат. Но, несомнено во изгледот и функционалноста на мебелот од големо значење се и рачките
МЕТАЛНИ РАЧКИ ЗА МЕБЕЛ
Најпопуларни рачки денес се металните рачки. Како нивна предност се извојува издржливоста и едноставноста. Металната рачка дава доза на елеганција без притоа да се грижиме како би се вклопила со мебелот. Совршено место на металните рачки највероватно се бањата и кујната. Тие рачки ги користиме секојдневно и најважна ни е нивната издршливост.
Секако, може да си играте со различните форми на метални рачки и да добиете совршен ентериер.
Пластичните рачки се најдостапни на пазарот и се препорачуваат за места кои не ги користиме често поради тоа што немаат голема издржливост.
ГУМЕНИ РАЧКИ ЗА МЕБЕЛ
Гумените рачки дефинитивно својот простор го добиваат во спалната и детската соба. Даваат топлина на собата и функционалност на мебелот. Можеме да ги најдеме во различни форми, димензии и бои за полесно комплетирање на карактерот на собата.
Comments
Post a Comment