Skip to main content

Која е разликата меѓу медијапан и иверка ?

МЕДИЈАПАН И ИВЕРКА

Медијапан - плочи влакнатици, се плочи со средна густина со тежина помеѓу 700 и 800 кг/м3. Се произведува од многу ситни дрвени струготини и пилевина поврзани со полимерни смоли со помош на висока температура и притисок. Рамномерната густина по целата дебелина го прави погоден за понатамошна обработка и режење. Добиената плоча може да се фарба, да се обложи со ПВЦ фолија, фурнир и ламинат. Фарбаниот меијапан е многу отпорен на влага но не и на механичко оштетување, додека кај оплеменетиот МДФ самата фолија ја зголемува отпорноста на механички оштетувања. Нашата стандардна колекција содржи повеќе дебелини на сировински МДФоплеменет МДФгрундиран МДФфурниран МДФ (бука, даб и орев) и режан МДФ за виткани површини.
Поради ова плочите од медијапан се погусти, потврди и поотпорни во однос на ивериците и исто така се многу едноставни за обработка. За разлика од ивериците, медијапанот не се стружи и тоа му овозможува секоја страна да изгледа убаво и мазно. Плочите од медијапан обично се 18 милиметри и се користат за видливата страна од елементите.Цената на медијапан плочите не е многу високa, но кога се користат за видливата страна од елементите потребно е дополнително да се лакираат што ја зголемува цената.
Кога станува збор за квалитетот, медијапанот  спаѓа во група на најквалитетните материјали за изработка на елементи за кујни.
Најважните карактеристики се да биде отпорен на влага, да поседува цврстина и да не е лесно оштетлив.

ВИДОВИ МЕДИЈАПАНИ И НИВНИ ПРЕДНОСТИ:

  • Лакираниот медијапан може да се најде во најразлични бои и нијанси, овој вид медијапан е многу отпорен на влага и има многу убав надворешен изглед и не мора да се стружи, единствената мана е тоа што има повисока цена;
  • За разлика од лакираниот, медијапанот кој е обложен со PVC фолија е значително поевтин и е поотпорен на најразлични оштетувања;
  • Кога станува збор за мадијапан со висок квалитет кој може да биде фурниран може да се каже дека тој може да го замени дрвото. За фурнирањето на столови, маси и било какви други надворешни површини најмногу се користи бука или даб;

ШТО Е ИВЕРИЦА И КАКВИ ВИДОВИ ИВЕРИЦИ ПОСТОЈАТ?

Иверка е плоча направена од покрупни дрвени струготини за разлика од медијапанот или други лигноцелулозни материјали кои меѓусебно се поврзани со органско лепило со помош на висока температира (но пониска во однос на медијапанот), притисок, влага и зацврстувачи. Се произведува од отпадно дрво и пилевина кои се мешаат со специјален лепак а потоа се пресуваат на одредена дебелина. Добиената плоча може да остане како сирова табла иверка или да се обложи со меламинска фолија или фурнир. Оплеменетата иверка претставува еден од основните материјали за изработка на мебел. Во нашата стандардна колекција секоја оплеменета иверица има своја соодветна ABS трака.
Постојат иверки со различни дебелини од 8, 10, 12 милиметри па се до 58 милиметри и тие може да бидат:
Оплеменети иверки,
- Сировински иверки.
Оплеменети иверки кои од двете страни се обложени со меламинска фолија се користат за изработка на различен мебел како кујни, гардеробери, кревети, бироа, комоди и слично. 
Кога станува збор за меламинска фолијата постојат декори во една боја, дрво декори, декори со металик боја и други. Разликата во структурата на површината зависи од пресата која се користи и според тоа се разликува и таа може да отсликува различни површини на кора од дрво, метал, камен бетон и слично.
Она што ја карактеризира оплеменетата иверица е тоа што нивната боја е постојана, лесни се за одржување и отпорни се на разни удари. Оплеменетата иверица може да се најде во следните дебелини: 8, 10, 16, 18, 25 и 38 милиметри.
За производството на фурнир се користи дрво односно неговото стебло кое не треба да има дупки и треба да ја има соодветна боја. Должината на стеблото не смее да биде под 240 сантиметри, а ширината под 40 сантиметри, ова е карактеристично за дрва стари од 20 до 30 години.
За изработката на фурнирот се користат танки слоеви од стеблото кои исто така се нарекуваат листови, кои покасно можат да се спојат на два начини. Кај фурнираната иверица тие се лепат со лепак и дебели се околу 0,6 милиметри. Фурнирата иверица е суровина за чие производство се користат најквалитетните дрва. Овој вид на иверица најмногу се користи за изработка на мебел како: плакари, американски плакари, елегантни елементи и др.
Неоплеменетите (сировински) иверки се применува за изработка на одредени делови на мебел кои не се видливи како конструкции за кревети и слично.
Тие се погодни за индивидуална обработка, за обложување со фолија, за оплеменување со фурнир, меламинска смола или HPL ламинати. Потоа едноставно се кројат на плочи со посакуваната големина. При изработка на мебел најпогодни се за елементи кои не се видливи, а доколку се оплеменети со смола или декоративна хартија можат да се користат за декоративно обложување на ѕидови во простории со висока влажност на возухот.
Покрај основната поделба на иверките, тие исто така можат да бидат и влагоотпорни или огноотпорни.
Влагоотпорните иверки својата отпорност на влага ја добиваат благодарејќи на специјален меламински лепaк. Овој тип иверки најпогоден е за примена во влажни простории како на пример на поткровје, кујна или купатило.
Огноотпорните иверки во својот состав имаат намален формалдехид и тоа ги прави тие да бидат спорогориви. Овој тип иверки најпогоден е за примена во простории каде се бара строги критериуми за реакција на пожар како што се училиштата. театри, деловни простории и слично.
 

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ И недостатоците НА МЕДИЈАПАНОТ И иверката?

КУЈНА ОД МЕДИЈАПАН

Медијапанот може да го бирате во разни бои, дури и со повеќе шари. Исто така сами го избирате начинот на обработка на ивиците на кујната. Кај медијапанот може да се одлучите за висок сјај кој поседува голема отпорност од уништување за разлика од иверицата.
Тој се карактеризира со голема густина и цврстина, а со фарбање и лакирање се добива отпорност на влага. Единствен недостаток е малку повисоката цена во однос на иверката. Затоа ве советуваме  крилата и фронтот - предниот дел на елементите да ги изработите од овој материјал.

КУЈНА ОД ИВЕРИЦА

За разлика од останатите материјали иверката е секако ценовно поразличен од медијапанот. На пазарот може да се најде во разни видови бои и декори практични за работа.

Comments

  1. Бев загрижен кога сакав да ја купам мојата куќа со мојот лош кредитен рејтинг. Ми одбија заем од мојата банка и не можев да го добијам. Му објаснив на еден пријател, тој потоа ме запозна со најголемиот човек на сите времиња (г-дин Бенџамин Ли). Му го објаснив мојот проблем испраќајќи му порака на пошта и ми помогна да се реши се во рок од 3 работни дена. Ми даде заем од 3.000.000,00 евра за да ја платам мојата куќа во која исто така го проширував мојот бизнис. Господ нека го благослови! може да аплицирате за брз заем од г-дин Бенџамин Ли кој работи со група инвеститори.. Тој е волшебникот за кој сите зборуваат на интернет.. Контактирајте го преку пошта на 247officedept@gmail.com. WhatsApp број: +1-989-394-3740

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

НАПРАВИ САМ - ИСКОРИСТЕТЕ ГИ СТАРИТЕ ФИОКИ

Рачки за мебел