Posts

Showing posts from 2017

Која е разликата меѓу медијапан и иверка ?

МЕДИЈАПАН И ИВЕРКА Медијапан  - плочи влакнатици, се плочи со средна густина со тежина помеѓу 700 и 800 кг/м3. Се произведува од многу ситни дрвени струготини и пилевина поврзани со полимерни смоли со помош на висока температура и притисок. Рамномерната густина по целата дебелина го прави погоден за понатамошна обработка и режење. Добиената плоча може да се фарба, да се обложи со ПВЦ фолија,  фурнир  и ламинат. Фарбаниот меијапан е многу отпорен на влага но не и на механичко оштетување, додека кај оплеменетиот МДФ самата фолија ја зголемува отпорноста на механички оштетувања. Нашата стандардна колекција содржи повеќе дебелини на  сировински МДФ ,  оплеменет МДФ ,  грундиран МДФ ,  фурниран МДФ  (бука, даб и орев) и режан МДФ за виткани површини. Поради ова плочите од медијапан се погусти, потврди и поотпорни во однос на ивериците и исто така се многу едноставни за обработка. За разлика од ивериците, медијапанот не се стружи и тоа му овозмо...

Важноста на елементите во кујната

Сите сакаме да готвиме во релаксирачка средина. Затоа од големо значење е како ќе го искористиме просторот и кои елементи ќе ги вградиме во нашата кујна. Без оглед на тоа дали станува збор за голема, мала или средна кујна, кујна од отворен или затворен тип, важноста на елементите е итекако значајна. Она на што Ви препорачуваме да обрнете внимание е пред се квалитетот на елементите. Потоа, функционалноста која Ви се нуди, и последно, но не помалку значајно е дизајнот на истите. Иако можеби првата мисла Ви е дека за се тоа треба да потрошите илјадници денари, тука сме да Ве разубедиме и да Ви го покажеме спротивното. Со мала инвестиција до големо задоволство. Моментално на пазарот квалитетот и пристојната цена најмногу може да ги забележиме кај садоперите и батериите на  Teka и садоперите и батериит е на  Franke.

Рачки за мебел

При планирање на ентериерот луѓето најмалку внимание обрнуваат на изгледот и типот на рачка која ќе ја употребат. Но, несомнено во изгледот и функционалноста на мебелот од големо значење се и рачките МЕТАЛНИ РАЧКИ ЗА МЕБЕЛ Најпопуларни рачки денес се металните рачки. Како нивна предност се извојува издржливоста и едноставноста. Металната рачка дава доза на елеганција без притоа да се грижиме како би се вклопила со мебелот. Совршено место на металните рачки највероватно се бањата и кујната. Тие рачки ги користиме секојдневно и најважна ни е нивната издршливост. Секако, може да си играте со различните форми на метални рачки и да добиете совршен ентериер.  ПЛАСТИЧНИ РАЧКИ ЗА МЕБЕЛ Пластичните рачки се најдостапни на пазарот и се препорачуваат за места кои не ги користиме често поради тоа што  немаат голема издржливост.  ГУМЕНИ РАЧКИ ЗА МЕБЕЛ  Гумените рачки дефинитивно својот простор го добиваат во спалната и детската соба. Даваат топлина на соб...

НАПРАВИ САМ - ИСКОРИСТЕТЕ ГИ СТАРИТЕ ФИОКИ

Image
Доколку планирате да го освежите Вашиот дом, добро размислете како може да ги реупотребите старите елементи. Во прилог Ви даваме идеи што се може да направите од старите фиоки. Сакции, организатори, комодички па дури и масички. Ужувајте во креативноста.  Previous Next При обновување на фиоките Ви предлагаме да се одлучите за  BLUM програмата на допир . Со тоа ќе си го олесните функционирањето и ќе добиете загарантиран квалитет. Лесно затварање и отварање на фиоките и максимално искористување, како на надворешниот така и на внатрешниот простор. Како да го искористите просторот во кујната ?    Како да ги подобрите Вашите проекти?